Американците дале шест милијарди долари за да ги поправат ајфоните

29

Статистиката покажува дека Apple има продадено над стотици милиони смартфони, откако излезе првиот iPhone во 2007 година. Но, колку и да се здрави овие уреди, поправките им носат добар бизнис за ИТ гигантите што нудат гаранции.
Според податоците на компанијата за гарантни услуги SquareTrade, само на територијата на САД корисниците потрошиле околу 5,9 милијарди долари за поправките на iPhone. Медиумите забележуваат дека веројатноста за оштетување на паметен телефон е 10 пати поголема отколку уредот да биде изгубен или украден. Најчестите причини за оштетување се случајно паѓање, испуштање во тоалетот или во базен и др. Висока е исто веројатноста за поплавување на уредот со течност, покажува статистиката.
Поради многу инциденти кои доведуваат до оштетување на iPhone, Американците за поправки трошат 29 пати повеќе пари отколку за контрацепција и над два пати повеќе отколку за тоалетна хартија. Аналитичарите сметаат дека кампањите на Барак Обама и на Мит Ромни за претседателската функција ќе чинат 100 милиони долари поевтино од поправките за iPhone. Околу 30% од Американците имале инцидент со својот iPhone во последната година, а кај 17% тоа се случило повеќе од еден пат, покажува статистиката.