ОНЕ со награда за најдобра комуникација со Facebook фановите

24

5da1fbd8-0e5f-44ea-915a-e474119e27f7Телекомуникацискиот оператор ОНЕ повторно ја доби наградата за социјално посветена компанија, од светски најпознатиот сервис за Facebook аналитика, Socialbakers.

Како што информираат од компанијата, ОНЕ ја добива оваа награда врз основа на податоците кои Socialbakers ги обработил за третиот квартал од 2013 година.

Наградата на ОНЕ се доделува за исклучителен перформанс во делот комуникација со корисници на Facebook фан страницата на компанијата. Операторот во третиот квартал од 2013 во рекордно време одговорил на 84% од сите поставени прашања, коментари и објави на Facebook, се додава во соопштението.

Socialbakers која е поврзана со клучните социјални медиуми и дигитални компании Twitter, Facebook, YouTube, LinkedIn и Google+ претставува платформа за анализа на социјални медиуми која им овозможува на брендовите ширум светот да го мерат успехот од нивните кампањи на социјалните медиуми, но и да го споредуваат со нивните конкуренти.