Фото: OnMed
OnMed е медицинска станица, еден вид на мобилна мини амбуланта опремена со HD камери и разни сензори. Таа е целосно автоматизирана и може дури и да “дава“ препишани лекови. Пациентите влегуваат внатре и се поврзуваат со доктор кој го гледаат и слушаат на екран, пишува New Atlas.
Тој ги “прегледува“ нивните витални функции, мери притисок, дишење, заситеност со кислород, висина, тежина… Во станицата можат да се прават и детални снимки од кои се гледа температурата на пациентот и се испитува можна инфекција.
Доколку во моментот го нема лекот на залиха, OnMed ќе испечати валиден рецепт и пациентот ќе може сам да го земе лекот од аптека. Кога некој ќе влезе во амбулантата, вратите се заклучуваат, прозорците се затемнуваат и однадвор не може да се чујат гласови.
Системот користи и 3D идентификација за пациенти, а тие ќе можат да видат сертификати од докторот кој е “на смена“ во моментот.
Прегледите не траат повеќе од 15 минути со што се заштедува време. Просторот внатре е опремен со ултравиолетово светло со цел да се стерилизира воздухот и сите површина помеѓу два прегледа.
Станиците OnMed ќе бидат поставени во САД годинава на места како факултети, големи корпорации, аеродроми и хотели, а една посета ќе чини колку и редовен преглед кај доктор.