Индексот на бројот на работниците во индустријата во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 97.5, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пад од 2,1 %, во секторот Преработувачка индустрија пад од 2,6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,3 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 6,3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,8 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,6 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2019 година, во однос на периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 98.8.
Фото:Pexels