ОПЕК ја задржа прогнозата за раст на глобалната побарувачка на нафта

54

ОПЕК ја задржа својата прогноза за растот на глобалната побарувачка на нафта во 2023 година непроменета четврти месец по ред, предупредувајќи дека светската економија се соочува со растечка неизвесност и побавен раст во втората половина од годината.

Според Ројтерс,  ОПЕК ја задржа својата проценка за побарувачката на нафта потребна за балансирање на пазарот на 29,3 милиони барели дневно, што укажува на дефицит на понудата доколку групата продолжи да произведува според стапката на мај и спроведе нови намалувања.

Светската побарувачка за нафта годинава ќе биде поголема за 2,35 милиони барели дневно, што е 2,4 отсто, посочува ОПЕК. Тоа е речиси непроменето од прогнозата за 2,33 милиони барели дневно минатиот месец.

„Постои зголемена неизвесност во однос на економскиот раст во втората половина на 2023 година, поради тековната висока инфлација, покачените клучни каматни стапки и тесните пазари на трудот. Покрај тоа, сè уште е нејасно како и кога би можел да се реши геополитичкиот конфликт во Источна Европа“, се вели во извештајот на ОПЕК.