ОПЕК+ постигна прелиминарен договор за зголемување на производството на нафта од септември

ОПЕК+ постигна прелиминарен договор за зголемување на производството на нафта за 548.000 барели дневно од септември, соопштија три извори.

Одлуката се очекува на виртуелен состанок закажан за денес, бидејќи САД го зголемуваат притисокот врз Индија да престане да купува руска нафта како дел од напорите на Вашингтон да ја натера Москва да седне на преговарачка маса за постигнување мировен договор со Украина, објави Ројтерс.

ОПЕК+ вклучува 10 земји кои не се членки на ОПЕК, а кои се производители на нафта, од кои најзначајни се Русија и Казахстан.