Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ги зголеми своите среднорочни и долгорочни прогнози за светската побарувачка на нафта, предвидувајќи дека мотори на нејзиниот раст ќе бидат Индија, Африка и Блискиот Исток.
Во 2028 година, светската побарувачка на нафта треба да достигне 111 милиони барели дневно (bpd), објави ОПЕК во својата годишна прогноза, зголемувајќи ја минатогодишната проценка за 800.000 барели дневно.
За 2029 година тие предвидуваат побарувачка од 112,3 милиони барели дневно.
Меѓу причините за зголемените прогнози, пишува Хина, ОПЕК наведува посилно економско опкружување во споредба со минатата година благодарение на намалувањето на инфлацискиот притисок и намалувањето на трошоците за задолжување.
Рестриктивната монетарна политика ја забави активноста во водечките економии, што обично подразбира намалена потрошувачка на енергија.
„Изворот на побарувачката во иднина ќе бидат земјите во развој поради зголеменото население, средната класа и урбанизацијата. Врвот на побарувачката на нафта се уште не е на повидок“, изјави генералниот секретар на ОПЕК Хајтам Ал Гаис за време на презентацијата на извештајот во Бразил.
Во новопокачените прогнози, ОПЕК издвојува побавна транзиција кон електрични возила и почисти горива.