ОПМ издаде студија на тема Органската храна поблиску до потрошувачите

23

Организацијата на потрошувачите на Република Македонија (ОПМ) издаде студија на тема Органската храна поблиску до потрошувачите подготвена со помош од Европската унија, ORCA и партнери на регионален конзорциум, кои го спроведуваат проектот Одржливо земјоделство за одржлив Балкан – зајакнување на капацитетот на организациите на граѓанското општество за јавно застапување и развивање
политики на западниот Балкан.

Студијата има цел да придонесе за создавање поволен амбиент за производство на органска храна во Република Македонија во согласност со интересите на потрошувачите.

Поконкретно има за цел да ја подобри заштитата на потрошувачите на пазарот на храна со афирмирање на органско производство, земање предвид на интересите на потрошувачите при формулирањето и спроведувањето на земјоделските политики, и соработка со граѓанското општество во нивното следење и спроведување.