Опра Винфри Ви дава одговор на прашањето: Како до успех?

107

uspeh-pixabay-2

Фото: Pixabay

Таа е американски синоним за успех. Освен што владее со медиумскиот простор, таа е и претприемачка, водителка на talk show, продуцентка, а поголем дел од светот ја смета за еден од најголемите хуманитарци.

Со цел да им помогне на младите луѓе кои се на прагот на својот деловен пат, за списанието Forbes, сподели неколку совети за успех. Таа смета дека мотото според кое секојдневно треба да се водиме гласи: работата е забава!

– Знаете дека сте на патот на успехот ако ја работите Вашата работа дури и ако не сте платени за истата.

– Голема животна тајна е дека нема големи тајни. Било која да е Вашата цел, можете да ја достигнете ако сакате да работите.

– Она што сигурно го знам, е дека кога ја работите работата што ја сакате, тоа Ве исполнува. Се друго доаѓа само по себе. Заборавете на брзите успеси. Ако вистински сакате да се издигнете, насочете ја Вашата сила во страст. Почитувајте го Вашиот повик. Секој има барем еден. Верувајте во своето срце и успехот ќе дојде.

– Клучот на реализација на сопствените соништа не лежи во фокусирањето на конечниот исход, туку во важноста. Кога тоа ќе го сфатите, дури и најмалите чекори ќе имаат големо значење.

– Како го дефинирам успехот? Знајте дека парите се одлични, но имањето многу пари, нема да Ве направи успешни ниту пак значајни. Вам Ви се потребни пари и значење. Посакајте Вашата работа да биде значајна бидејќи таа значајност ќе Ви донесе вистинско богатство во животот.

– Работењето најдобро што можете уште во овој момент, Ве става во најдобра позиција за утре.

– Бидете благодарни на она што го имате сега и иднината ќе Ви донесе уште повеќе. Ако се насочите кон она што го немате, никогаш нема да Ви биде доволно.

– Ничиј пат не е едноставен и лесен. Сите се сопнуваме. Тоа е само еден од начините преку кои животот ни кажува дека е време за промена на насоката.

– Работите од кои се плашите најмногу немаат сила и моќ. Фактот дека се плашите е она што има најголема моќ. Соочувањето со вистината ќе Ве ослободи од ваквите окови.

Иако сето ова изгледа како водич за сонувачи, секој мора од некаде да почне. Некој ќе се откаже, а некој ќе се вивне во висините на успехот. Не смеете да допуштите Вашата околина и стравот од неуспех вечно да Ве спуштаат на Вашиот пат.