Фото: Netgear
Компанијата за хардвер Netgear претстави нов уред за мрежно поврзување наречен Orbi, со којшто корисникот ќе може да користи безжичен интернет надвор, пишува Mashable.
Уредот е отпорен на вода и овозможува Wi – Fi конекција надвор од домот или канцеларијата во опсег од дополнителни 232 метри квадратни. Рутерот се контролира преку мобилна апликација и може да се поврзе со телефони, компјутери, камери, звучници или било кој паметен уред во домот.
За разлика од останатите проширувачи на Wi – Fi сигнал, Orbi има вградено заштитена технологија наречена FastLane3, којашто овозможува брз интернет. Рутерот и сателитот, исто така, работат на една мрежа, што значи дека нема да потреба да се исклучите и повторно да се поврзете кога менувате локација.