Органско производство на 0,75% од обработливата површина во земјава

91

Површините со органско производство, во текот на минатата година, изнесуваат 3.909 хектари и во однос на вкупната обработлива површина органското производство учествува со 0,75%, додека во однос на вкупната земјоделска површина учеството изнесува 0,31%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во периодот од 2010 до 2011 година, површините со органско земјоделско производство и бројот на органските оператори е во постојан пораст, од 2011 до 2018 година се забележува променлив тренд како на површините со органско земјоделско производство, така и на бројот на органските оператори.

Фото: Pixabay