Orwl PC – мини компјутер што се “самоуништува“ ако некој го хакира

28

orwl

Фото: Orwl.org

Orwl PC е мини компјутер што нуди повеќе опции за заштита на софтверот, но може и да се “самоуништи“ доколку некој се обиде физички да го хакира, пишува Bgr.com.

Опремен е со мал безбедносен уред со вградена идентификација што се користи за управување и обезбедување на пристап до мрежни услуги и податоци. Преку овој таканаречен key fob проверува дали корисникот е авторизиран за пристап до компјутерот. Кога key fob е надвор од домет, компјутерот автоматски ги заклучува сите USB влезови.

Компјутерот може успешно да се брани од физички напади, така што детектира промени во електричните компоненти, дури и кога е исклучен. Доколку забележи дека некој планира физички да го хакира, трајно го брише енкрипцискиот клуч што значи дека хакерот не може да пристапи до податоците што ги има во него.

Orwl PC се очекува да се појави на пазарот во август оваа година по цена од 1.699 долари.