Муштерија во ресторан за брза храна во американската сојузна држава Њу Хемпшир оставил дарежлив бакшиш од 16.000 долари за два хот дога со помфрит.
Келнерите во Stumble Inn Bar and Grill, скромно бистро во градот Лондондери, не ја забележале веднаш астрономската сума за бакшиш што ја додал непознатиот клиент. Сметката првично била 37,93 долари за две виршли со чили сос, печен помфрит и пијалаци.
“Немојте сѐ одеднаш да потрошите“, рекол муштеријата, кој платил со својата картичка.
Во Соединетите Држави е обичај бакшишот да биде во износ од 15 до 20%.
Фото: Freepik – Facebook