Жителите и посетителите на канадскиот град Монтреал може да уживаат во 30 осветлени и озвучени клацкалки, пишува Contemporist.
Овие клацкалки, коишто имаат вградени ЛЕД сијалици и звучници, се активираат доколку две лица седнат на нив и почнат да се клацкаат.
Клацкалките се дел од годишното издание на Luminothérapie, што се одржува по шести пат од 10-ти декември до 31-ви јануари.
Инсталацијата е привлечна не само за младите, туку и за повозрасните кои подеднакво уживаат во светлината и пријатните звуци што ги испуштаат овие клацкалки.