Oтворање на параглајдерското полетиште Мечкин камен исток- проект на USAID за експанзија на мали бизниси

23

usaid

Проектот на USAID за експанзија на мали бизниси, во соработка со Општина Крушево, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Воздухопловната федерација на Република Македонија и искусни параглајдеристи од земјата, утре свечено ќе го отвори параглајдерското полетилиште Мечкин камен Исток. Настанот ќе започне во 11,30 часот. Полетилиштето се наоѓа во близина на локалитетот Мечкин Камен.

Златко Спиркоски, инструктор по параглајдинг, ќе ја претстави новопоставената опрема на полетилиштето и ќе ја демонстрира употребата на истата. По кратката демонстрација, изјави за медиумите ќе дадат: Џејмс Стаин, директорот на мисијата на USAID во Македонија, Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Крушево, Кристијан Џамбазовски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставник од Воздухопловната федерација на РМ и Златко Спиркоски.

По давањето на изјавите, со сечење на лента симболично ќе се отвори новоопременото полетилиште. По отворањето, доколку временските услови дозволуваат, дел од присутните, вклучувајќи и дел од медиумите, ќе можат заедно со искусни пилоти – параглајдеристи да искусат тандем – лет со параглајдер.

Проектот на USAID за експанзија на мали бизниси оваа година ќе опреми четири полетилишта и слетишта за параглајдинг во Македонија. Параглајдингот е популарен  кај странските спортисти и кај туристите, кои ги користат услугите на локалните клубови за параглајдинг, преноќуваат и трошат пари во земјата, со што придонесуваат за зголемено слевање на средства во локалните економии. Новата опрема ќе ги направи овие терени попривлечни за странските и домашните посетители.

Проектот на USAID за експанзија на мали бизниси е четиригодишен проект кој како главна цел има создавање на нови работни места и поттикнување на економскиот развој на локално ниво. Проектот соработува со приватниот и јавниот сектор за спроведување на иницијативи кои им помагаат на микро, малите и средните претпријатија да остварат раст.