Отворен нов Helen Doron центар во Карпош

146

helen2Светскиот лидер во детска едукација Helen Doron продолжува да ја шири мрежата на центри низ Македонија. Деновиве се отвори нов центар во Карпош, кој со работа започнува од 15 јануари, а уписите се веќе во тек. Сега и децата од Карпош имаат прилика да изберат квалитетна едукација, по светски стандарди, што ја спроведуваат специјално обучени учители.

Helen Doron методот дава друга димензија во едукацијата на вашето дете. Претставува иновативен систем за рано изучување на англискиот јазик и стимулација на раниот детски развој.  Моментално во центарот во Карпош можат да се запишат деца на возраст од 2-10 години, со тоа што секое дете се вклучува во специјално дизајнирана програма за соодветната возраст. За секоја возраст постои посебна програма преку која децата го научуваат англискиот јазик како мајчин јазик, имаат  слободна и течна комуникација на англиски, а акцентот им е одличен. Покрај тоа,  Helen Doron едукацијата истовремено го збогатува нивниот свет и го зацврстува нивниот развој, бидејќи секоја програма опфаќа шест курсеви:

– Англиски јазик и развој на говорните и комуникациски способности,
– Физички развој,
– Ментален развој,
– Музика
– Развој на сензорика,
– Социјален развој

Сето тоа влијае врз целосниот развој на детето, особено од аспект на развој на личноста и развој на когнитивните способности. Децата развиваат поголема самодоверба, самоконтрола, свесност за себе и околината, креативност и социјални вештини.

Часовите се изведуваат во мали групи до 8 деца, во стимулирачка атмосфера двапати неделно по 60 минути. Секој што сака одблизу да се запознае со програмата, како се изведува и како детето реагира на неа, слободно може да си закаже бесплатен ДЕМО час каде што заедно со своето дете ќе помине еден поинаков час преку Helen Doron методот.

Центарот се наоѓа на ул. Петре Пирузе бр.14 ( поранешна ул. Мексичка) во близина на училиштата Коменски и НОВА.

Контакт тел. 070323525

Може да не посетите и во детското катче во City Mall, каде што секој викенд овој месец имаме промоција на нашата програма во термин 12:30 – 14:00.