Ова се најпопуларни апликации за изминатите 10 години

38

Последната деценија беше одлична за Facebook, кој според листата на компанијата за аналитика App Annie ги поседува четирите најпопуларни апликации.

Прво место на списокот на најпопуларни апликации за уреди со Android и iOS го зазема Facebook, потоа следи Facebook Messenger, на трето место WhatsApp и Instagram на четвртото место. Сите четири апликации се во сопственост на компанијата Facebook.

Во топ пет се најде и Snapchat, шести е Skype, седмото место припаѓа на апликацијата TikTok, додека UC Browser е на осмото место. YouTube е дури девети на листата, а Twitter ги заокружува топ 10-те.

Податоците јасно говорат дека Facebook доминира во секојдневието на луѓето од 2010 година до денес. Апликацијата Facebook дефинитивно стана клучен дел од рутината на луѓето и не ја напуштија платформата ни по скандалот во врска со приватните податоци и лажните вести.

Фото: Pexels