Оваа маска ќе ви каже колку нечист воздух сте вдишале

41

ИТ гигантот Xiaomi патентираше паметна маска за лице што го информира корисникот за квалитетот на воздухот што го вдишува, пренесува South China Morning Post.

Нивниот патент се однесува на маска за лице со чип и голем број сензори што бележат податоци од околината. Собраните податоци се чуваат во внатрешна меморија на маската, може да се пренесуваат на други уреди. Маската може да се поврзе со мобилна апликација на којашто се пренесуваат податоците во реално и дава информации за квалитетот на воздухот каде што се движи корисникот на маската.

Маската е опремена со батерија за чипот, сензори и секако филтер за воздух.

Иако е патентирана, сè уште не се знае дали и кога Xiaomi ќе почне да ја произведува.

Фото: Pixabay