Овие 5 мажи го држат светот во свои раце – тие ги контролираат сите МЕДИУМИ

Американскиот сенатор Берни Сандерс опиша како тој го гледа американскиот медиумски пејзаж.
Поточно, тој наведе пет мажи за кои верува дека не само што се најбогати во светот, туку имаат и извршна улога во медиумите, алудирајќи на нивната поврзаност со медиумските содржини.

„Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, е сопственик на X. Вториот најбогат човек во светот, Лари Елисон, е сопственик на Paramount, вклучувајќи го и CBS, а сега можеби ги презема и Tik-Tok и CNN. Џеф Безос е сопственик на Washington Post и Twitter. Марк Цукерберг, исто така, е сопственик на Facebook и Instagram. Всушност, петте најбогати луѓе во светот се сопственици на медиуми или извршни директори“, рече тој.

Тој верува дека кога се зборува за олигархијата во Америка, не станува збор само за нееднаквоста во приходите и богатството.
„Станува збор за контрола на медиумите и она што американскиот народ може да го види, чуе и прочита“, заклучи тој.

Фото: Pixabay