Ovie – паметен уред што дава информации за храната во фрижидерот

24

Фото: Kickstarter

Ovie се паметни мини уреди што преку мобилна апликација го известуваат корисникот за тоа какво јадење може да направи со храната што ја има во фрижидерот, уште колку време може да ја искористи и сл.

Уредите што наликуваат на мали кругови се ставаат врз пакувањето на било која храна. Тие светат во различно бои според квалиетот на храната, зелено, потоа жолто, а кога нејзиниот рок ќе помине црвено.

Кога ќе се стави уредот на одредена храна, корисникот треба да напише на апликацијата за каква храна се работи, па потоа апликацијата пресметува колку време таа храна може да стои свежа и здрава за јадење. Во зависност од потребите, корисниците може да си нарачаат 6, 9, 12 или пакет со 15 мини уреди, а заедно со нарачката доаѓаат и садови за чување на храна.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Чикаго, Илиниос и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 16.958 долари, од потребните 40.000 долари, а кампањата трае уште 29 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули годинава.