Падна мафијашки клан во Турција: Полицијата профитираше, доби ексклузивен возен парк!

1580

Турската полиција неодамна објави дека го уапсила Хакан Ајик, наводниот криминален водач на организацијата. Акцијата доведе и до апсење на 36 лица и запленување на 23 возила. Меѓу тие возила има и многу скапи автомобили кои судскиот систем одлучи да им ги префрли на турските безбедносни сили, пренесува РевијаХак.

Ferrari 488 GTB, Porsche Taycan и Bentley Continental GT се меѓу најексклузивните запленети автомобили.

Возниот парк ги вклучува и Audi RS6 Avant, Volkswagen Golf R, Range Rover, Mercedes GLS или Volvo XC90. Тоа е само дел од возниот парк, но се проценува дека вредноста на автомобилот е околу три милиони евра.