
Цената на нафтата на светските берзи паднаа утрово покажуваат податоците на Oilprice. Утрово барелот на лондонскиот пазар се тргува по цена од 73,59 долари за барел, а на американскиот пазар 69,45 долари за барел.
Инаку вчера цената на нафтата порасна на светските берзи – барелот на лондонскиот пазар достигна 73,90 долари, додека на американскиот 69,94 долари.
Растот беше поттикнат од комбинација на фактори: силната побарувачка во САД, потврдена со падот на залихите и геополитичките тензии околу американските царини за увозот на нафта од Венецуела, пренесуваат агенциите.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување секундарни царини од 25 отсто за земјите кои купуваат нафта од Венецуела од 2 април. Оваа одлука, покрај веќе постоечките санкции кон Кина и Иран, може дополнително да го наруши глобалното снабдување и да го зголеми притисокот врз цените. Венецуела, која со години зависи од извозот на нафта, може да изгуби повеќе од 4,9 милијарди долари годишно, што е повеќе од 10 отсто од нејзиниот БДП.
Во исто време, залихите на сурова нафта во САД паднаа за 3,3 милиони барели, што укажува на силна домашна побарувачка. Паднаа и залихите на бензин и дестилати.
Сепак, потенцијалното зголемување на цената е делумно ублажено со зголеменото производство од страна на членките на ОПЕК +, кои најавија дополнителни 138.000 барели дневно почнувајќи од април. Пазарот сега балансира меѓу стравувањата од намалување на понудата и обидите на големите производители да ја задржат стабилноста на цените на нафтата.