Пакистан се закани дека ќе го блокира Google

22

google-banПакистанскиот министер за ИТ и телекомуникации Ануша Раман Кан најави дека доколку не ги отстрани сите “бласфемични и навредливи содржини” од YouTube, ќе бидат блокирани сите страни на Google, јавува Cnet.

“Се зависи од нашите преговарачки способности. Ако тие продолжат со својот став, ние како последно средство ќе го блокираме Google во Пакистан, има многу други пребарувачи достапни на интернет”, изјави Кан.

YouTube беше блокиран во Пакистан на 17 септември поради видео во кое се измева пророкот Мухамед. Ова не беше прв пат Пакистан да го блокира овој сервис. Во 2008 година беше забранет пристапот поради видео во кое се критикува исламот.

Во мај 2012 година Пакистан го блокира пристапот до Twitter поради карикатура на пророкот Мухамед, а две години претходно, од исти причини привремено беше оневозможен пристап до Facebook.

Министерката Кан изјави дека ќе ја повлече забраната за YouTube доколку се филтрираат содржините што се достапни во Пакистан.