Фото: Brinks
Компанијата Brinks направи паметна брава што може да се управува преку паметен телефон. ARRAY Smart Deadbolt за разлика од другите паметни брави коишто функционираат на цилиндрични батерии, енергијата ја црпи од литиум – полимерски батерии поврзани на соларна плоча и може да се полни од сончева светлина.
Ако бравата е поставена на место каде што нема доволно светлина, корисниците ќе може да ја користат на традиционален начин, пишува Mashable.
Бравата е едноставна за користење и може да се отклучува и заклучува од далечина со помош на апликација од паметен телефон. ARRAY Smart Deadbolt има и цилиндри за традиционално отклучување и заклучување и екран на допир.
Бравата чини 249 долари, а ќе може да се купи од средината на јануари.