Фото: Pixabay
Научници од Канцеларијата за поморски истражувања на САД создадоа паметна протеза за екстремитети што се става и вади по потреба и алармира доколку се случи инфекција или дојде до преоптоварување, пишува New Atlas.
Протезата, наречена Monitoring OsseoIntegrated Prosthesis (MOIP), е изработена од титаниум што хируршки се вградува во бедрената коска на пациентот. Со текот на времето коската расте околу металот, а од ногата излегува само мал конектор и тогаш може да се постави вештачки колк. Ваквиот начин каде не се допира мекото ткиво со металот, овозможува поголема удобност и полесно движење за пациентот.
За да се спречат евентуални инфекции вградени се био – компатибилни сензори во останатиот дел на екстремитетот на пациентот и поврзани со други сензори во протезата. Сите сензори заедно следат повеќе фактори коишто му помагаат на докторот да следи, превенира и третира инфекции.
Низата од сензори ја следи температурата и pH балансот кај пациентот и според нив оценува дали постои инфекција. Освен тоа, анализира и дали коската добро се споила до протезата.
Научниците досега развија и тестираа прототип на MOIP, со низа сензори во вештачката коска. Доколку тоа се покаже успешно, тимот планира до следната година да го подобри моделот преку клинички тестирања. Во блиска иднина технологијата се очекува да функционира и со горните екстремитети.