Паметни начини како да заштедите време и да бидете попродуктивни

26

vreme

Фото: Pixabay

Во одреден момент секој од нас се почувствувал дека нема време ниту енергија да ги заврши дневните обврски. За среќа, постојат повеќе техники за заштеда на време и зголемување на продуктивност што можете да ги пробате.

Одлучете што е важно

Одлучете што е навистина важно затоа што за пет години, дури 80% од она што ќе го направите денес ќе биде бескорисно во иднина.

Добар сон, здрава храна и физичка активност

Општо е познато дека практикување на овие три работи помага многу. Ако сакате подобар фокус, поголема мотивација и повеќе енергија, потрудете се да бидете добро наспани, јадете здрава храна и вежбајте.

Две минутно правило

Ако нешто можете да завршите за две минути, направете го тоа сега, без одложување. Планирање за во иднина, помнење и правење на истото ќе ви одземе сигурно повеќе од две минути.

Рутината е подобра од секој алат

Потребна ви е дисциплина, а под тоа се подразбира планирање на денот рано наутро, односно сето она што би ви помогнало да стекнете рутина којашто ќе ви заштети време и енергија.

Едно по едно

Посветете половина час само на една работа. Не користете ништо, ни мобилен телефон, ни мејлови, не зборувајте со никој и заборавете на социјалните мрежи.

Закажани имејл проверки

Не читајте мејл кога ќе станете, ниту пак навечер пред да си легнете. Обидете се тоа да го правите во одредено време во текот на денот, на пример во 11, во 14 и во 17 часот.

Мотивирајте се сами

Дозволете си мали награди за секој испочитуван рок или добро сработена работа.