Паметните телефони ги истиснаа дигиталните фотоапарати од пазарот

17

digitalecNikon на почетокот на овој месец објави дека паметните телефони го преземаат приматот кога е во прашање непрофесионално фотографирање. Според податоците на аналитичката куќа IDC, во овој момент Canon држи 23% од пазарот на фотоапарати, Nikon 21%, Sony 15%, Samsung 9%, Fujifilm 8% и останатите 24%.

И додека пред три години се продаваа 132 милиони дигиталци годишно, денес тој број би можел да падне под 80 милиони. За да опстанат на пазарот, произведувачите почнаа да произведуваат апарати со повеќе можности, но и да ги качуваат цените. Sony, на пример, објави дека просечната продажна цена на нивните фотоапарати пораснала за 20% во првиот квартал. Nikon, пак, за да го запре падот на продажбата на своите производи, во тајност развива производ “кој ќе го смени концептот на камера каков што го знаеме денес”.