Паметно огледало ќе врши проценка на здравјето

3

Wize-mirror-detects-early-signs-of-diseaseГрупа научници работат на нов револуционерен проект наречен Wize Mirror или Паметно Огледало, коешто ќе може да ги детектира раните знаци на болест.

Со користење на повеќе скенери и сензори овој уред ќе врши еден вид на проверка секогаш кога ќе се погледнете во него.

Потребно ќе биде да застанете само една минута пред огледалото за да добиете оценка за вашето здравје како и совет за денот што следува.

Wize Mirror ќе користи 3D скенери, мултиспектрални камери и сензори на гас за да го одреди општото ниво на здравјето на корисникот.

Огледалото ќе го проценува масното ткиво, изразите на лицето, бледилото/црвенилото и според тоа ќе укаже на евентуални здравствени проблеми.
woman-mirror

Исто така, ќе препознава знаци на стрес, додека сензорите на гас преку здивот ќе можат да покажат дали и колку корисникот пиел или пушел.

Вградените 3D скенери ќе го анализираат обликот на лицето и според тоа ќе детектираат промени во тежината, додека мултиспектралните камери  ќе го мерат ритамот на срцето и нивото на хемоглобин во крвта.

Огледалото истовремено ќе биде и екран на којшто ќе се покаже целосниот резултат и советот што треба да се презвеме.