Една лондонска компанија за недвижнини дава под наем место за паркирање во центарот на Лондон во вредност од 465.000.
Откако ќе се плати сумата за изнајмување паркинг местото може да се користи под наем 91 година.
Паркинг местата кои што ги нуди компанијата Kay & Co., се наоѓаат близу до лондонскиот Хајд парк, а нивната големина изнесува 3,35 на 6,4 метри.
Колку за споредба нивната цена е приближно двојно повисока од цената на еден просечен стан во Лондон.
Од компанијата велат дека за понудата веќе има заинтересирани странки.