Паркинг места под наем за 465.000 долари

19

article-2385905-1B2F3C9C000005DC-611_634x370Една лондонска компанија за недвижнини дава под наем место за паркирање во центарот на Лондон во вредност од 465.000.

Откако ќе се плати сумата за изнајмување паркинг местото може да се користи под наем 91 година.

Паркинг местата кои што ги нуди компанијата Kay & Co., се наоѓаат близу до лондонскиот Хајд парк, а нивната големина изнесува 3,35 на 6,4 метри.

Колку за споредба нивната цена е приближно двојно повисока од цената на еден просечен стан во Лондон.

Од компанијата велат дека за понудата веќе има заинтересирани странки.