Пат во вселената со балон за 110.000 евра

106

Шпанската компанија Zero2Infinity планира да го збогати своето портфолио на услуги со еднодневно патување во блиската Вселена, при што патниците ќе уживаат во неверојатни глетки и тоа од комфорот на балон.

Space Balloon

Летовите се очекува да започнат за две години, а билетот ќе чини неверојатни 110.000 евра.

За време на летот, патниците покрај неверојатната панорама од Вселената, ќе имаат можност да искусат и бестежинска состојба, па дури и да вечераат на еден поинаков лебдечки начин, доколку сакаат.

article-2358784-1ABA8BD0000005DC-233_964x593

Балонот или ëblooní е замисла на шпанскиот преприемач Хозе Мариано Лопез-Урдиалес, шеф на компанијата Zero2Infinity, со седиште во Барселона.

Вселенските туристи ќе патуваат во капсула, во која ќе има простор за 6 лица, 4 патници и двајца пилоти.

article-2358784-1ABA8B81000005DC-908_964x524

“Искуството во балонот ќе биде слично на она во авионите. Разликата, освен во неверојатниот поглед, ќе биде во тоа што патниците 30 секунди ќе бидат во бестежинска состојба, односно ќе лебдат во кабината”, вели Анели Шонмејкер од Zero2Infinity.