Патарините отсега со автоматски рампи

36

Во Македонија ќе бидат поставени автоматски рампи на патарините. Имено, јавното претпријатие за државни патишта склучи договор со фирмата АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ – Скопје вреден 110.000 евра за набавка на автоматски – стоп рампи, објави 24 вести.

Од јавното претпијатие велат дека станува збор за втор обид за модернизација на патарините со нови рампи, откако првиот тендер беше поништен поради тоа што фирмата – носител не ги испочитувала роковите за преземената обврска, по што договорот бил раскинат, гаранцијата активирана, а фирмата добила негативна референца.

На новиот јавен повик се јавиле две фирми, а изборот е направен преку електронска аукција.

Покрај ова, јавното претпријатие за околу 70.000 евра спроведе набавка на патна опрема и за телекомуникациски услуги, додека Агенцијата за патишта постави мониторинг систем преку кој во живо се следи наплатата на патната такса.