Patek Philippe – традиција што се негува 176 години

102

-Име, бренд, традиција, квалитет … поим за успешност, креативност и иновативност – Patek Philippe.

Познатиот швајцарски произведувач на часовници оваа година прославува 176 години постоење и беспрекорно функционирање од денот на основањето први мај 1839 година.

December_2013_zoom_img_2_batiment_1890Од тогаш па сè до денес, седиштето на компанијата има една адреса Rue du Rhône во Женева, Швајцарија, што сведочи за нивната доследност и посветеност на работата. Уште од средината на 19-от век, бројни владетели, државници, високи свештени лица, индустриски магнати и приврзаниците на уметноста и културата го препознавале квалитетот – Patek Philippe бил секогаш на прво место кога одбирале часовник.

Антони Норберт Патек, бизнисмен и полски имигрант, заедно со Франсоа Чапек, имигрант од Чешка и произведувач на часовници, на први мај 1839 година во Женева започнуваат заеднички бизнис – Patek, Czapek & Cie – Fabricants à Genève.

Компанијата стартуваше со амбициозното мото – да ги произведе најубавите и најдобрите часовници во светот.

chronoDameHistory_1

Сепак, партнерството не функционираше според планот, па Патек започна потрага по нов бизнис партнер. Во 1844 година на една индустриска изложба во Париз го сретнува Жан Адриен Филип, Французин кој го измисли механизмот на навивање без користење на посебен клуч. Во 1845 година, Патек заедно со Филип и уште еден партнер Винсент Гостовски основаа нова компанија наречена Patek & Cie – Fabricants à Genève.

Patek and PhilippeПет години подоцна компанијата беше преименувана во Patek, Philippe & Cie. Филип како технички директор беше одговорен за развојот на модерни производни процеси и нови модели, а Патек внесе иновативен маркетинг којшто многу ќе придонесе за популарноста на часовниците.

Тој патуваше во Лондон и Париз и ги претставуваше часовниците на меѓународните изложби во Италија и Германија. Со тоа не само што го запозна светот со својот бренд, туку беше именуван и за амбасадор на Женева.

На први март 1877 година Патек умира на 65-годишна возраст, но неговиот 20-годишен син Лион нема желба да се приклучи на компанијата. Партнерството Patek, Philippe & Cie продолжи да функционира, обновувајќи го договорот на секои 12 години.

Како страстен набљудувач и истражувач на индустријата за часовници, Филип остави зад себе збирка белешки, есеи и написи од весниците што тој ги пишувал.

PatekPalmerWatch_1

Со цел да го осигураат постоењето на компанијата, сопствениците во 1901 година одлучија таа да стане акционерско друштво. Така, Patek Philippe & Cie се преименува во Ancienne Manufacture d’horlogerie Patek, Philippe & Cie, Société Anonyme (акционерско друштво со ограничена одговорност).

Нивниот акционерски капитал достигна сума од 1,6 милиони швајцарски франци и пет од седумте акционери беа во одборот на директори. Во 1932 година, како резултат на светската економска криза, компанијата наиде на финансиска криза и бараше купувач.

downloadИстата година, Ancienne Manufacture d’Horlogerie Patek Philippe & Cie, S.A го купија двајца браќа Чарлс и Жан Стерн, сопственици на работилници за изработка на часовници во Женева. Со тоа компанијата Patek Philippe S.A. станува фамилијарна фирма.

Следните години се нижат многу иновативни часовници, со разни механизми, секогаш во чекор со технологијата.

Во 1933 година беше создаден Supercomplication џебен часовник којшто важеше за најсложениот часовник сè до 1989-тата. Calatrava часовникот, по којшто Patek Philippe е препознатлив, ја претстави својата женска верзија од истиот во 1934 година.

6606_BASELWORLD-2013-The-Patek-Philippe-Calatrava-Ref-5227_0Важна година за производителот беше и 1956 кога го создадоа првиот целосно електронски часовник. Жените беа најверните потрошувачи, па така Patek Philippe отвори и златара во Женева, каде се изработуваа скапоцени часовници и уникатни бразлетни.

Две години по ред, во 1959 и 1960 производителот освојуваше Оскар на Интернационалните Дијамантски награди во Њујорк за својот часовник – приврзок од жолто злато.

Наградите продолжија да доаѓаат, што го обезбеди успехот на женските часовници на Patek Philippe. Компанијата доби патент во 1977 година за механизмот на движење Caliber 240.

Десет години подоцна, во 1987 брендот ја создаде првата модерна колекција на женски часовници Flamme, специјално креирана за припадничките на понежниот пол.

29675453_2_l

Сто и педесет годишнината од постоењето, Patek Philippe ја прослави со создавање на најсложениот рачен часовник во светот Calibre 89 со 33 механизми.

Во 1996 година брендот го патентираше и својот механизам на годишен календар (Annual Calendar) којшто го покажува датумот, денот, месецот и часот и на којшто не му е потребно прилагодување за месеците со 30 дена.

4350-largeТри години подоцна беше креиран Twenty-4® – првиот часовник -бразлетна од челик и дијаманти, којшто веднаш стана еден од најпознатите женски часовници во светот.

Доаѓањето на новиот милениум Patek Philippe го одбележаа со Star Caliber 2000, двостран џебен часовник со 21 механизам, по којшто следуваше и најсложениот рачен часовник во историјата со два дизајна – Sky Moon Tourbillon.

Денес не постои некој што не слушнал за ексклузивните часовници на брендот. Компанијата, чија што традиција и успех е пример за секој бизнис, вработува повеќе од 2.000 работници, а вреди близу 770 милиони евра.

dKw5A8J

Најскапите Patek Philippe часовници

Henry Graves Jr. Supercomplication
Patek-Philippe-Supercomplication-Henry-Graves-Sold-23-MillionЦена 23.984.106 долари

Reference 1527 Perpetual Calendar
Patek-Philippe-Rare-1527-Perpetual-Calendar-18k-Rose-Gold

Цена 5.708.885 долари

Caliber 89 Grand Complication
patek-philippe-calibre-89-hqЦена 4.953.000 долари

Reference 2458 Observatory Chronometer
daef3a20c1a5b59fb4afe527067fe3a5

Цена 3.992.858 долари

Reference 5004T Titanium
Patek-Philippe-Rare-5004T-Titanium-only-watch-auction-2013 Цена 3.992.858 долари