Патики со логото на Apple продадени на аукција за 50.000 долари

37

Аукциската куќа Sotheby’s продаде за 50.000 долари редок пар спортски патики со логото на компанијата, кои се направени по нарачка на технолошката компанија Apple.

Патиките биле изработени по нарачка во 1990-тите за вработените во Apple и биле подарени, јавува Би-Би-Си.

Горниот дел на патиките е изработен претежно од бела кожа, а старото лого на компанијата е истакнато како декоративен детал, што го прави овој пар патики „многу посакуван“ за колекционерите, велат од Sotheby’s.

Во описот на патиките дадени на учесниците на аукцијата стои дека патиките се многу ретки, дека се нови, дека се во оригиналната кутија и дека имаат некои дефекти, вклучително и промена на бојата на материјалот од кој ѓонот е направен.

Вредноста на сувенирите на Apple со текот на времето се зголемува и денес многу ретро уреди на оваа компанија се третираат како колекционерски предмети кои се продаваат по многу високи цени.