Патишта што светат во темница стануваат реалност

110

p2

Денес се е паметно, од мобилни телефони, часовници, до паметни куќи. На ред се паметни да станат и патиштата. На тоа работи холандскиот иноватор Дан Росегарде, кој од 2012 година заедно со холандската компанија Heijmans Infrastructure работи на проектот Smart Highway. Станува збор за концепт на паметни патишта што светат во темница и на тој начин се зголемува безбедноста во сообраќајот и се намалува потрошувачката на електрична енергија. Целта е електричното осветлување да се замени со линии што светат во темница, кои ги дефинираат рабовите на патиштата.

p4

Од минатата година вакви линии се поставени на автопатот N329 во градот Ос, околу 100 километри југоисточно од Амстердам. Линиите светат во темница затоа што бојата (гелот) содржи фото луминисцентет прав којшто се полни преку ден и свети во темница.

patista

“Кога зборуваме за иновации и мобилност, чудно е како се фокусираме на автомобилите, додека патиштата се запоставени. Ако автомобилите стануваат се попаметни, такви треба да бидат и патиштата”, вели Росегарде.

p3

Ако светлината трае осум часа, колку што би требало, овој концепт ќе доведе до укинување на уличното осветлување и голема заштеда на електрична енергија. Целиот тест период на проектот ќе го набљудува британската Агенција за автопатишта, а главно е да се види како ова означување на патиштата ќе функционира во текот на зимскиот период, кога деновите се пократки. Во предвид треба да се земе и колку бојата е отпорна на оштетување и колку долго може да остане на патот без корекции. Ако се покажат успешни, паметните патишта во иднина можат да се прошират и на други држави.