Пазарџиите од Бит Пазар денес излегуваат на протест

20

Пазарџите од скопски Бит Пазар денес изглегуваат на протест кај клучката Бит Пазар, поради неможноста да се справат со проблемите настанати во тековното работење.

Тие велат дека се незадоволни од непочитувањето на рокот од општина Чаир да се изгради затворен пазар, понатамошното работење на дивите пазарџии и нерегулираните односи со Скопски пазар.

“Ние пазарџиите од Бит Пазар бидејќи немавме можност да ги решиме тековните проблеми со нашето работење, сме принудени да протестираме со блокада на клучката кај надвозникот на Бит Пазар. Блокадата ќе трае два часа, од 11 до 13 часот”, се вели во нивното соопштение.