Пазарите реагираат: Златото повторно над 4.000 долари, доларот зајакнува

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, е околу 99,00 поени утрово, додека во петокот навечер беше 98,85 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 0,5 проценти, на 151,95 јени.

Американската валута исто така зајакна во однос на европската, за 0,1 процент, па цената на еврото се лизна на 1,1610 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, се зголемија, откако паднаа за околу 3 проценти минатата недела. На лондонскиот пазар, цената на барелот се зголеми утрово за 1,34 проценти, на 63,55 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 1,32 проценти, на 59,70 долари.

Цената на златото повторно над 4.000 долари
Цената на златото, од друга страна, утрово се искачи на 4.049 долари за унца, блиску до највисокото ниво во историјата, што е последица на неизвесноста на финансиските пазари поради која инвеститорите бараат побезбедни засолништа за својот капитал.

Фото: Pixbay