Пазарната вредност на LVMH скокна на 440 милијарди евра

59

Еден од најголемите победници на европските пазари на капитал годинава е LVMH, компанија од луксузниот сектор. Успехот е најмногу благодарение на отворањето во Кина, бидејќи тамошните клиенти го подобрија продажниот имиџ на францускиот гигант во февруари и март.
LVHM (познат првенствено по женските чанти Луј Витон и брендот за облека Кристијан Диор) минатата недела објави одлични резултати во првиот квартал и раст на продажбата од 17 отсто на годишно ниво. Следниот ден акциите пораснаа за повеќе од пет отсто, а богатството на Бернард Арнo за еден ден се зголеми за 11 милијарди евра.

Француската компанија соопшти дека продажбата во првиот квартал во Азија, без Јапонија, се зголемила за 14 отсто, во споредба со падот од осум отсто во четвртиот квартал минатата година. Групацијата рече дека очекува Кина да забележи раст во 2023 година.

Проблемот останува американскиот пазар, каде што повисоката побарувачка од минатата година покажува знаци на намалување, особено кај помладите купувачи кои помалку трошат.

LVHM со вредност од приближно 440 милијарди евра претставува 13 отсто од вкупната пазарна капитализација на Париската берза.

Фото: Facebook