Пазарот за таблети ќе се презасити до 2016 година?!

30

tabletsПродажбата на таблети оваа година е во полн замав, но трендот може да не се задржи во наредните години поради промени во потрошувачките параметри, тврдат од International Data Corporation (IDC).

Светската продажба на таблети се очекува да достигне 221 милиони парчиња во 2013 година, што е за 54% повеќе од минатата година, покажуваат прогнозите на IDC, објави CNBC.

Во 2014 година, сепак растот на продажбата ќе се забави до 22% на годишна основа и се предвидува продажба на околу 271 милиони таблети.

IDC смета дека до 2016 година ќе се дојде и до едноцифрена стапка, кога станува збор за растот на пазарот.

Една од главните причини за тоа е дека корисниците ќе ги претпочитаат големите паметни телефони пред малите таблети, коментира Том Маинели, директор на истражувањата во IDC. Според него, продажбата на големи количини на таблети во 2010 година во САД, ќе придонесе за презаситеност на пазарот.

Според истражувачката компанија, последните 24 месеци интересот на потрошувачите е насочен претежно кон малите таблети, но очекувањата се дека подемот на големите телефони може да ги врати корисниците кон поголемите таблети.

“Разликата помеѓу 6 – инчен смартфон и 7 -инчен таблет не е толку голема за да го оправда купувањето и на двата производа”, тврдат од IDC. “Пуштањето на iPad Air од Apple, кој е многу потенка и полесна верзија на 9,7 -инчниот таблет на компанијата, може да е предвесник на друга пазарна транзиција, назад кон поголемите екрани. Се претпоставува дека корисниците имаат тенденција да плаќаат повисоки цени за уред со поголем екран”, дополнуваат од фирмата.

Транзицијата кон поголемите таблети може да е позитивен развој за Windows таблетите, кои се залагаа за поголем екран. IDC предвидува дека пазарниот удел на Microsoft ќе достигне 10,2% до 2017 година. Во моментов тој е 3,4% .

Android на Google и iOS на Apple, кои се расположени да останат лидери на пазарот на таблети, ќе имаат пад на пазарните удели со 59% и со 31% до 2017 година. Во моментов уделите им се 61% и 35%.