
На сметките на над 340.000 пензионери од денеска ќе легнат зголемени пензии за 2.500 денари. Ова е второто линеарно покачување, по првото зголемување во септември минатата година, кое исто така изнесуваше 2.500 денари.
Над 340.000 пензионери во Македонија од денеска ќе добиваат повисока пензија за 2.500 денари. Со линеарното покачување на пензиите во месец септември и мартовската пензија во месец април, пензионерите добиваат за 5.000 денари повисоки пензии, информираат од Министерство за социјална политика, демографија и млади.
Покачувањето на пензиите, велат, било едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина седница, започнала со постапката за нејзино реализирање.
-Како Влада и ресорно Министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани. Продолжуваме и понатаму со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите, се вели во денешното соопштение од Министерство за социјална политика, демографија и млади.
Фото: Pexels














