Perfect Memory е камера што може ретроградно да ги фати оние моменти што сте помислиле дека сте ги испуштиле, пишува Live Science. Таа е дело на њујоршката компанија General Streaming Systems и доволно е мала и лесна да ја собере во џеб, а само еден допир на екранот овозможува снимање на видео и аудио снимки.
Кога е ставена на AutoEdit режим на работа, оваа камера од 12 мега пиксели постојано снима и кога ќе го допрете екранот го зачувува снименото пред пет минути или било која друга временска разлика што ќе ја изберете. Никогаш не се знае кога ќе се случи нешто интересно, а Perfect Memory има начин тоа да го зачува.
Не мора да се држи со раце, може да се закачи каде било, дури и да ја обесите на вратот на вашето милениче и да работи и како обична камера. Уредот работи со микро SD картички до големина од 128 GB и може да се контролира со бесплатни iOS или Android апликации. Кога постојано снима со највисока резолуција, батеријата може да трае до четири часа. Кога снима постојано и користи Wi – Fi за да емитува видео во живо, може да издржи два часа, а ако не снима цело време батеријата трае неколку дена. За нејзино полнење потребни се час и половина.
Perfect Memory имаше и своја кампања на платформата за финансирање Indiegogo каде собра 171.000 долари за два месеца. Кампањата заврши минатиот месец, а се очекува во октомври да почнат да се прават првите испораки. Цената на една ваква камера ќе изнесува 119 долари.