Пет безжични звучници кои се носат во една рака

63

Во ова време на паметни телефони и МР3 плеери, слушалките не се единствен начин да уживате во вашата омилена музика додека патувате некаде.

Тука се и преносните Bluetooth звучници кои можете да ги носите насекаде со вас. Издвојуваме пет најпопуларни во моментов.

Bose SoundLink Color

Bose-SoundLink-Color-600x345

Со овој преносен звучник може да слушате музика на оддалеченост од 9 метри, цели 8 часа. Компактен, лесен за носење (560 грама), SoundLink Color е достапен во пет бои, сина, темно зелена, црвена, црна и бела. Неговата цена е 104 евра.

BeoPlay A2 by B&O Play

BeoPlay-A2-600x404

Ова е првиот Bluetooth звучник од компанијата BANG & OLUFSEN, пуштен во употреба преку неговиот бренд  B&O Play. Благодарение на True360 solution, звукот се пренесува насекаде подеднакво, па така секој на забавата ќе може да ужива во добар и квалитетен звук.

Според производителот батеријата може да трае и до 24 часа, што е рекорд за звучник од оваа големина.  Цена 320 евра.

Grundig GSB 200

Grundig-GSB-200-600x480

GSB 200 се издвојува од другите преносни звучници по тоа што е отпорен на струен удар, не привлекува прашина и може да работи под вода до 30 минути на длабочина од 1 метар.

Батеријата на десетватниот звучник трае 16 часа, истиот има и USB приклучок, којшто може да служи и како полнач. Цена 99 евра.

Emïly (Ora-ïto)

The-Emïly-by-Ora-ito-600x342

Emïly доаѓа од францускиот дизајнер Ora-ïto, дел од неговата прва колекција на производи од областа на технологијата.

Дизајниран да се вклопи во секој ентериер, овој звучник е лесно пренослив благодарение на рачката која може да служи и како потпирач. Emïly има два драјвери по 6 вати и трајност на батеријата од 7 часа. Цена 150 евра.

Beats Pill 2.0

Beats-Pill-Blue-600x300

Звучниците од последната генерација на Beats Pill, кои ја имаат истата форма на капсула како и првиот Beats Pill звучник, тежат само 310 грама. Направата има само две командни копчиња за звукот, додека другите функции се контролираат директно преку Bluetooth уред на далечина до 9 метри. Beats Pill 2.0 е достапен за 160 евра.