Фото: Pexels
Страв од новите предизвици
Една работа е да се има мал бизнис на страна. Сосема е поинаку кога треба да се вложи многу, да се скокне со двете нозе во непознатото. Се додека стравот владее, новите предизвици остануваат во сенка, а заедно со нив и успехот.
Започнување на бизнис недоволно подготвени
Без внимателно планирање, истражување и претходно подготвена стратегија и најдобрата бизнис идеја може да пропадне во вода. Прераното презентирање на истата не е решение за започнување на успешен бизнис.
Претпоставката дека не е потребна реклама
Да, вашиот продукт е надалеку познат и убедени сте дека не е потребно рекламирање. Грешите. Добар маркетинг значи многу. На почетокот не мора да вложувате многу, најпрво превземете ја палката во свои раце, бидете сами свој маркетинг агент, а дури потоа вработете други кои ќе се грижат за тоа.
Сè да се заврши одеднаш
Секој претприемач се чувствува непобедлив и подготвен на се. Воден од мислата колку многу може да се постигне со бизнисот, претприемачот брза се да биде максимално добро сработено. Но, тоа е невозможно да се случи. Колку поскоро увиди дека не може сам да сработи се, толку подобро. Наместо да се истоштувате до максимум, вработете компетентен човек во онаа област во која вие не се снаоѓате најдобро.
Фокусирање само на работата
Многу менаџери толку многу се внесуваат во бизнисот што забораваат да погледнат што се случува наоколу, надвор од работата. За еден претприемач да биде и остане успешен тој мора да има познавања за се што е поврзано со бизнисот. Мора добро да ги познава клиентите, да биде во чекор со технологијата и истата да ја имплементира во својата работа. Читање на блогови, книги и стручна литература исто така многу би придонело за успешен бизнис.