Фото: Pixabay
Во едно истражување спроведено на бизнис школата на Харвард, на кое беа интервјуирани 120 претприемачи од шест различни земји, се дојде до заклучок дека постојат пет клучни нешта за кои основачите на компании жалат што ги направиле, односно не ги направиле во своето работење. Еве кои се тие:
Задоцнет почеток
Повеќе од половината интервјуирани претприемачи избрале да развиваат веќе готов производ пред воопшто да разговараат со своите клиенти/потрошувачи, што сега враќајќи се наназад велат дека тоа било грешка. Значи не правете ништо пред истото да го продадете.
Егото во преден план
Претприемачите многу повеќе време трошат на фалење колку добра е нивната идеја, отколку на тоа да ги прашуваат потенцијалните клиенти како да ги направат својата услуга/производ уште подобри и повредни. Не дозволувајте вашето его да се испречи на патот на успехот, советуваат од бизнис школата. Негативното реагирање на критика само може да го кочи потенцијалниот развој на идејата.
Нудење попусти
Многу претприемачи жалат што понудиле ниска цена на првите купувачи. Потоа кога сакаат да постават цена реална за квалитетот на прозиводот, тоа потешко им оди, токму поради фактот што на почетокот цената била со попуст. Таа информација брзо шири на пазарот, а со тоа вашата способност да ја задржите моќта на цената значително се намалува. Затоа наместо такви попусти обидете со поинакви тактики, како бесплатен превоз или привремени ниски цени во претпродажба или распродажба.
Продавање на фамилијата и пријателите
Знаеме дека е тешко да се оддолее, но сепак, со тоа што ќе дозволите семејство и пријателите да бидат вашите први клиенти, го ризикувате кредибилитетот на вашиот бизнис. Затоа обидете се да го избегнете тоа. Вашите блиски ќе купуваат од вас, можеби од љубов, некои од обврска, или “од што мораат”. Но сепак, вие треба да допрете до вистинските клиенти, вашата таргет група, со тоа ќе обезбедите вистински фидбек и бизнис кој ќе егзистира долго време.
Немање стратешки клиенти
Кога започнувате да привлекувате клиенти, адреналинот прави да се чувствувате моќно, но истиот може да ве заслепи да ги препознаете оние највредните. За да ги “зграбите” стратешките клиенти најпрво истражете малку и за почеток изберете ги оние клиенти од кои ќе добиете фидбек, бета тестирање, референци и шанса за повторен бизнис. Комбинирајте го тоа со вашиот претприемачки дух и само добрата идеја може да стане успешен бизнис.