Пет интересни старт – ап идеи во 2016 година

22
Start Up Business Launch Success People Meeting Concept

Поимот старт – ап најчесто асоцира на иновативност, енергичност и младост. Во ера која се карактеризира со брзина, променливост и постојана потрага за иновации, не е тешко да се најдат интересни идеи. Ви издвоивме неколку интересни старт – ап идеи за кои пишувавме годинава:

Fitpass, старт – ап што ќе ја поттикнува физичката активност во Романија

fitpass-romania-580x312

Fitpass е шведско – романски старт – ап, чија цел е поттикнување на поголема физичка активност на жителите на Романија.

Целта е сите оние кои имаат желба за вежбање да се поврзат со спортски или фитнес центри што се наоѓаат во нивна близина. Во овој момент Fitpass соработува со повеќе од 80 фитнес центри и спортски асоцијации во романската престолнина, Букурешт.

Vendedy, старт – ап што ги поврзува туристите со уличните пазари низ светот

ulicni-pazari-sirum-svetot-580x219

Vendedy е апликација за поврзување на туристите кои патуваат низ светот со автентичното “улично искуство“. Преку Vendedy, луѓето кои патуваат низ целиот свет имаат можност преку нивниот мобилен да дознаат повеќе за локалните улични пазари кои нудат храна, автентични предмети и илјадници други детали.

Зад овој старт – ап стои младата претприемачка Кристин Суфрант, која има за цел да го дигитализира уличниот пазар на глобално ниво, чија вредност се проценува на 10 илјади милијарди долари.

Она што е потребно да се направи е корисникот да се претплати за неделен билтен од каде што ќе ги добива сите информации и новитети. Потоа, треба да се регистрираат за да можат да ја споделат својата приказна со мрежата. Додека патува, туристот може да добие информации, распореди и препораки за оригинални продукти.

Smart parking старт – ап што го решава проблемот со паркирањето

smart-parking-580x348

Станува збор за систем којшто барањето паркинг низ градот од долготраен и фрустрирачки процес го претвора во неколку едноставни чекори.

Преку овој систем, којшто во моментот е во фаза на тестирање, на паркинг местата се поставени сензори коишто во реално време испраќаат информации на серверот од каде што им се достапни на корисниците, во форма на интегрирана мапа на мобилна апликација на којашто може да се видат различни информации: цена, бесплатни часови, услови за користење на паркингот…

Како основни предности на проектот што го развија хрватски студенти ги наведуваат: едноставната монтажа, безжичната комуникација и автоматската реконфигурација на мрежата во случај на проблем на некој од сензорите или пречки во комуникацијата.

iGreet ги “оживува” хартиените честитки

bg1

На прв поглед честитките на бугарскиот старт-ап iGreet изгледаат како сите други, но зад нив се крие нешто повеќе – раздвижена порака, лично видео и аудиоефекти. Технологијата “додадена реалност” овозможува кон реални објекти да бидат додадени виртуелни слики. Со оваа технологија, хартиените честитки “оживуваат” пред очите на клиентот, кој треба да ја симне апликацијата и да ја гледа честитката преку екранот на мобилниот телефон. Апликацијата е достапна за оперативните системи Android и iOS.

Nanodiy – револуционерна технологија во текстилната индустрија

hrvatski-start

Зоран Сушањ и Саша Миклошиќ од Копривница, Хрватска, развија Nanodiy технологија за печатење фотографии на ткаенина. Тие измислија Nanodiy боја, посебна хартија и стабилизатор. Целата постапка на печатење на сликата трае само неколку секунди, најмногу до една минута.

Изработката на принт со Nanodiy технологија е прилично едноставна. Прво се става Nanodiy боја во печатачот, потоа фотографијата се печати на специјална Nanodiy хартија, па се нанесува тенок слој Nanodiy стабилизатор. Во допир со стабилизаторот на боја и под дејство на температура, врзувачките средства што се во бојата се активираат и го врзуваат пигментот на боја на подлогата на којашто се аплицираат.