
Фото: donaldjtrump.com
Кои се најдобрите совети што овие пет бизнисмени ги добиле во животот, во продолжение.
Ели Брод
Основач на Sun Life Insurance, ко-основач на KB Home
Најдобриот совет за инвестирање: Никогаш не ризикувај се, само затоа што си сигурен дека нешто ќе успее.
Патрик Сун-Шионг
Основач на Vivo RX Pharmaceuticals еден од создавачите на лекот Abraxane кој се користи при третманот на рак на дојка, бели дробови и панкреас.
Најдобар совет за инвестирање: Инвестирајте во себе и во луѓето во кои верувате.
Питер Хергрејвс
Најуспешниот брокер во трговија на мало во Велика Британија. Ко-основач на Hargreaves Landsown Plc.
На прашањато “Што ќе направиш со еден милион долари?”: Половина ќе ги претворам во норвешки крони, а половина во сингапурски долари.
Mихаил Прохоров
Сопственик на New Jersey Nets (професионален кошаркарски тим)
Најдобриот совет што го добил: Секогаш оди исправено и немој да изгледаш нервозно (руска поговорка)
Доналд Трамп
Претседател на Trump Organization и основач на Trump Entertainment Resorts.
Најдобриот совет што го добил (од неговиот татко Фред Трамп): Дознај сè за работата што ја работиш.
Тој веруваше во темелност и беше претпазлив на “слепите точки” по патот. (Доналд за татко му)