Пет начини како полесно да донесувате одлуки

32

Двоумењето што, кога и како да се направи не поштедува никој. Сепак, постојат начини да не креваме паники и тензии околу секоја одлука. Во продолжение пет добронамерни совети.

Што точно сакате?

Кога точно знаете што сакате од животот, тогаш многу полесно ќе донесувате одлуки. Запрашајте се каде сакате да бидете за една година, дали одлуката може да има негативни последици и слично. Одговорите ќе ви помогнат за следниот чекор.

Побарајте совет, но сами одлучете

Доколку ви треба совет, слободно побарајте. Слушнете го мислењето и на луѓето на кои им верувате, без разлика дали се експерти во полето или едноставно ваши блиски пријатели, но на крајот, одлучете сами.

Одредете краен рок

Пожелно е да имате одреден рок до кога треба да ја донесете одлуката… ден, два, една недела, месец, па и повеќе. Колку и да е, треба да се држите според тоа. Не одолговлекувајте и не избрзувајте.

Ограничете ги факторите што ги земате предвид

Колку повеќе опции имате за избор, потешко ќе се одлучите, но и помалку ќе бидете задоволни со изборот. За да си олесните, ограничете го бројот на евентуални избори и фактори што ги земате предвид.

Намалете го заморот од премногу одлуки

Не се сите одлуки подеднакво важни, па токму затоа можете доколку сте во позиција помалите, помалку значајните да им ги препуштате на соработници, колеги, вработени… Не треба да се “стресувате“ за секојдневни работи, фокусирајте се на она што е важно и што може да смени многу нешта.