Пет начини како состанокот да го “свртите“ во ваша полза

28

deal

Фото: Pixabay

Без разлика дали се подготвувате за интервју за работа, за аудиција, за средба со клиент или разговор со учителката на вашето дете треба да влезете подготвени. Ако вие не се подготвите, некој друг ќе ја презеде контролата на средбата. Еве како да го пренасочите текот на разговорот во ваша полза.

Дефинирајте што точно сакате

Пред да се впуштите во било каква комуникација, важно е да тргнете со јасна намера за посакуваниот исход од состанокот. Уште пред да започне средбата, поставете си го прашањето што би требало да се случи за вие да бидете среќни со резултатот.

Фоксирајте се на три поенти

Има едно златно правило што гласи – во секој разговор впуштете се со три поенти. Не трошете го залудно времето на вашиот соговорник со излитени фрази и искористени аргументи. Секогаш имајте ги на ум трите поенти и насочувајте го разговорот околу нив.

Кратко, јасно и со агенда

Оној што има агенда, секогаш го контролира состанокот, а краткото и јасно излагање на поентите е клучот до посакуваниот исход. Доколку имате можност, најдобро е агендата на состанокот да биде приложена на лист од хартија.

Внимателно слушај

Зборувај моќно, ама и слушај внимателно. На овој начин ќе му покажете на соговорникот дека го почитувате и го разбирате неговото гледиште. Во меѓувреме, ова е и шанса да соберете повеќе информации врз основа на коишто ќе ја изнесете својата следна поента.

По состанокот

Завршениот состанок не значи завршена работа. Напротив, само што започнала. Немојте да заборавите по средбата да испратите мејл или белешка до соговорникот. И секако, индиректно повторно да ги повторите своите клучни поенти.