Претприемачите треба да преземат многу чекори за својата идеја да претворат во реалност. Но, како да знаат кој е првиот? Од каде да почнат? На што треба да му дадат приоритет? Кои се фазите на градење и растење на старт-ап?
Во организација на Стејт департментот, Global Innovation through Science and Technology (GIST), ЦЕЕД Македонија како имплементатор на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, во своите простории овозможува следење на вебинар со разговор во живо на тема “Вашите старт-ап приоритети: Петте најважни чекори за вашиот потфат”.
Конференцијата можете да ја следите во живо, денеска (9 февруари), од 17.00 до 18.00 часот на следниот линк: http://goo.gl/21FY8f или да присуствувате во просториите на ЦЕЕД Македонија и директно да поставувате прашања. Ако сакате да присуствувате на вебинарот, претхосно бесплатно регистрирајте се кај Јована Петковска ([email protected], 078-459-067).
На вашите прашања ќе одговараат АнаМариа Кониа, основач и извршен директор на Equite Accelerator; Џим Чанг, потпретседател за иновации и претприемништво при Џорџ Вашингтон Универзитетот и Кит Смарт, ко-основач на PHYSICLO.
GIST TechConnect ги поврзува глобално претприемачите од областа на науката и технологијата со американски експерти преку сесии во интерактивното студио на Стејт департментот. TechConnects поврза десетици илјади гледачи низ целиот свет и докажа дека иновациите и претприемништвото немаат граници на денешниот глобален пазар.