Пет прашања што треба да си ги поставите пред да го ребрендирате вашиот бизнис

67

Многу често сопствениците на бизниси мислат дека треба да променат име, лого, веб страна… Но експертите советуваат да не се избрзува со промените. Пред да донесете одлука задолжително запрашајте се следново:

Која е вистинската причина?

Дали се обидувате да смените нешто негативно или сте го смениле производот/услугата? Доколку станува збор за второтo тогаш во ред е да направите ребрендирање. Но, ако сте налутиле некого проблемот не е логото. Затоа морате да бидете искрени со себе, која е вистинската причина за промената.

Колку ќе ме чини?

Тука не станува збор само за финансии, туку и за самиот идентитет на бизнисот и чувствата што одат со него. Запомнете дека луѓето се поврзуваат со одредна работа и постои можност да ја снема таа поврзаност.

Која е мојата приказна?

Луѓето не се поврзуваат со бизниси, туку со приказни, без разлика дали е приказната што вие сте ја искреирале за брендот или нешто што самите си го замислиле. Запишете што сакате луѓето да знаат и чувствуваат за вашиот бизнис и редефинирајте го тоа во приказна што ќе може да ја раскажувате одново и одново.

Ќе се поврзам ли со “идеалниот“ клиент?

Честопати малите бизниси сакаат да му се допаднат на “идеалниот“ клиент. За тоа да биде остварливо треба да се анализираат и разгледаат сите детали, од веб страната, печатениот материјал, комуникацијата…и дури потоа да се скрои секое делче на таков начин за да создаде поврзаност со тој клиент.

Ќе можам ли да го исполнам ветеното?

Не смеете да ветувате нешто, а потоа не остварите. Штом се обврзувате треба да бидете доследни на брендот на долги патеки. Создадете систем што ќе го направи брендот реален, односно да биде во согласност со ветувањата.

Фото: Pixabay